Судирите во Украина го загрозуваат водоснабдувањето на четири милиони луѓе

Од:

Судирите во источна Украина го загрозуваат снабдувањето со вода на околу четири милиони луѓе во реонот на Доњецк, соопшти денеска Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Според ОБСЕ, при судирите меѓу владините сили и проруските сепаратисти во тој дел на Украина, била оштетена пумпната станица во близина на градот Семјоновка, преку која минува системот за снабдување со вода на жителите во реонот на Доњецк.

Доњецкиот градоначалник Олександар Лукјанченко изјави дека преку оваа пумпна станица минува водата со која се снабдуваат еден милион жители на Доњецк и околу три милиони лица во населените места во околината на овој град.

ОБСЕ проценува дека оштетувањата на пумпата можат да бидат отстранети со што би се гарантирало нормално снабдување со вода, но дека во моментот тоа е невозможно поради судирите во тој реон.

Според ОБСЕ, оваа закана претставува уште еден доказ за зголемувањето на хуманитарната криза во источна Украина. Покрај со недостиг на вода, илјадници луѓе од тој дел на земјата се сочуваат и со недостиг на храна и струја, поради што се поголем број локални жители ги напуштаат своите домови и бегаат во Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми