Осуммина убиени во судирите во близина на јеменското Министерство за внатрешни работи

Од:

Осум лица денеска се убиени во повторените судири меѓу силите на јеменската влада и борци на племе, лојално на поранешниот претседател Али Абдула Салех, кои се обидоа да ја освојат зградата на министерството во престолнината Сана, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се медицински извор.

Изворот додаде дека во престрелката биле ранети „голем број луѓе“.

Не е познато колку од убиените се војници, а колку се племенски борци.

Ова е втор обид за заземање на зградата на Министерството во изминатите три дена.

Повеќе десетици членови на племето размениле оган со безбедносните сили, кои се обиделе да ги спречат да влезат во зградата на Министерството.

Во неделата околу стотина членови на племето упаднаа во министерството, барајќи да се најдат на листата на полициските сили. Тие се согласија да се повлечат, откако властите им ветија дека ќе ги сослушаат нивните барања.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен