Субрата Рој денеска пред судот, за 4,4 милијарди евра

Од:

Врховниот суд денеска ќе го продолжи сослушувањето по предметот меѓу Сахара Груп и Регулатор на пазарот за хартии од вредност Одборот на Индија СЕБИ, пренесува Фактор.

Судскиот процес се однесува на случајот во кој од две фирми „Сахара Индија Недвижнини“ и „Сахара домување инвестиции“ се бара рефундирање на 24.000 крори (4,4 милијарди евра) собрани од речиси 30 милиони инвеститори преку опционално целосно конвертибилни обврзници (OFCDs). Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале.

Поради ова Врховниот суд ја задолжи компанијата да го врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следуваше замрзнувањето на сметките.

Фирмите на Субрата Рој се жалат на одлуката за рефундирање на парите, но регулаторот, освен замрзнување на сметките побара и одземање на пасошите на директорите на компаниите и најстроги казни.

Инаку Рој е индиски милијардер, кој од неодамна најави големи инвестиции во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати