Дваесетгодишна студентка е силувана и убиена од група мажи во источна Индија, соопшти полицијата, а стотици лица излегоа на улиците за да го изразат својот протест поради се позачестените силувања на жени во земјата.
Тројца мажи се уапсени во врска со злосторството, извршено во Барасат, предградие на Калкута.
Жртвата била силувана на градилиште, а нејзиното тело е пронајдено со голем број повреди. Телото на студентката било фрлено во канал.
Стотици разлутени демонстранти побараа од властите смртна казна за силувачите.