Строс Кан ослободен од обвинувањата за подведување

Од:

Судот во Франција го ослободи од обвинувањата за подведување со отежнати околности поранешниот директор на ММФ Доминик Строс Кан, откако и самиот обвинител побара ослободителна пресуда.

На пресудата на 66-годишниот економист му претходеше тринеделно судење во февруари, за време на кое се откриени шокантни детали за оргии со шампањ и проституција, пренесува Танјуг.

Завидната кариера на Штрос-Кан, поранешен шеф на ММФ и сериозен кандидат за претседател на Франција беше прекината во 2011 година, кога собарка во еден њујоршки хотел го обвини за сексуален напад.

Набрзо откако тие обвиненија беа отфрлени, а случајот решен со граѓанска парница, неговото име се појави во истрага за организирана проституција во северна Франција, во рамкиите на која се обезбедувани лица за оргии, во кои и самиот учествувал.

Беше обвинет за подведување под отежнати околности, затоа што, како што се утврди, помагал и поттикнувал проституција на седум жени – што по закон предвидува казна до 10 години затвор и глоба од 1,5 милиони долари.

Меѓу обвинетите во истиот случај имаше повеќе од десет лица, меѓу кои менаџери на хотели, бизнисмени, еден адвокат и шеф на полиција.

Тие се обвинети дека организирале или учествувале во оргии во Париз, Вашингтон и регионот на Брисел во периодот од 2008 до 2011 година, кога Строс Кан беше шеф на ММФ и се уште оженет.

На судењето во февруари, Строс Кан мирно ги одбиваше обвиненијата и рече дека е точно дека како човек со слободоумни сфаќања уживал во групен секс, но дека не знаел дека жените кои биле на забавите биле платени за секс.

После сведочењето на некои проститутки кои го обвинија за содомија без согласност, рече дека неговите сколоности се можеби „погруби“ од просечните, но дека се ужаснувал од проститутки и оти плаќање за секс би било преголем ризик за човек кој е на чело на ММФ.

Во завршниот збор, неговите адвокати рекоа дека судењето се свело на обвиненија на сметка на моралот на Строс-Кан, по што обвинителот се согласи и побара Строс-Кан да биде ослободен, бидејќи „ниту судската истрага, ниту сослушувањата не утврдиле дека Строс-Кан е виновен“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Шведска, пукање во училиште: Не излегувајте, децата лежат на под

Предраг Петровиќ

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Путин за европските лидери: Ќе застанете пред нозете на Трамп, ќе мрдате со опашката пред него

А1он

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он