Стрелков: Славјанск е целосно опколен, борби се водат во центарот на градот

Од:

Славјанск, градот што досега се контролираше од приврзаниците на федерализацијата на Украина, целосно е опколен од силите на украинската армија, изјави на брифинг со новнарите командантот на народната одбрана на градот Игор Стрелков, пренесоа руските медиуми.

-Над градот, според наши оценки, кружат околу 20 хеликоптери, изјави тој.

Податоци за убиени и ранети засега нема.

Во моментов, според локалните жители, се слушаат истрели во реонот Черевковка, каде е еден од патните правци за влез и излез од градот.

Веќе се водат борби во центарот на градот, а има и ранети, за руските медиуми соопшти претставник на администрацијата на градот.

-Украинската армија презеде десант со хеликоптери, борбата веќе се префрли во центарот на градот, рече тој.

Според него, тешки оклопни транспортери се наоѓаат на пристапите кон градот, а има и ранети, иако засега нема податоци за нивниот број.

Уништени се три оклопни транспортери на силите за самоодбрана на Славјанск, а од екипажите на хеликоптерите, соборени од самоодбраната, еден пилот загинал и еден е заробен, потврди тој.

Според него, украинската армија утврдува артилериски орудија околу заземениот телевизиски центар на Славјанск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми