Страшен случај на злоставување во Тексас: Киднапирале девојка и ја силувале

Од:

Брачен пар од Тексас е уапсен и обвинет откако наводно киднапирале 18-годишна девојка, ја врзале за кревет во нивниот дом и ја силувале со недели, соопштија властите.

Хозе Рејес (31) и Жаклин Месијас (29) беа уапсени откако наводната жртва успеала да побегне низ прозорецот од нивниот дом, а потоа оделе од куќа до куќа за да ги предупредат соседите, објави Фокс 29.

Таа им кажа на властите дека го запознала Рејес на едно место пред еден месец и дека тој ја убедил да дојде во неговата куќа.

Но, кога дошла во неговата куќа двајцата ја фатиле, ја врзале и ја држеле во соба околу 30 дена.

„Тие ја држеа против нејзина волја и почнаа сексуално да ја злоставуваат“, велат властите.

Кога девојката сфатила дека киднаперите не се дома, успеала да се ослободи и да побегне низ прозорецот.

Боса одела од куќа до куќа и барала помош од соседите.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот забележале траги на нејзините раце и нозе кои укажувале дека е врзана.

Таа била пренесена во болница на преглед, додека киднаперите биле уапсени кога се вратиле дома.

Инспекторите се обидуваат да ги откријат деталите за случајот и поврзаноста на жртвата и наводните киднапери и дали е пријавено исчезнувањето на девојчето.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“