Стоте најбогати луѓе во светот „тежат“ две илјади милијарди долари

Од:

Минатата година за стоте најбогати луѓе во светот во никој случај не беше кризна, со оглед на тоа дека во 2012. заработиле вкупно 241 милијарда долари.

Стоте најбогати во светот, според агенцијата Блумберг заедно вредат дури една илјада и деветстотини милијарди долари.

И покрај негативните влијание на глобалната економска криза врз деловните активности, само 16 од 100-те највлијателни луѓе во светот забележале пад на богатството минатата година.

Најголемите богаташи на денешницата се мексиканскиот магнат Карлос Слим Хелу, чие богатство се проценува на 75,2 милијарди долари, потоа Бил Гејтс (Bill Gates) со имот вреден 62,7 милијарди долари и шпанскиот моден гигант Амансио Ортега со 57,5 милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата