Стигна рускиот одговор на планот на Трамп

Од:

Кремљ соопшти дека Русија сè уште не добил ништо официјално од Соединетите Американски Држави за мировниот план од 28 точки на САД за Украина, но дека е подготвен за преговори.

Вашингтон му го претстави на Киев планот за кој украинските претставници велат дека го проучуваат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва и Вашингтон сè уште не ги дискутираат предлозите детално, но дека се водат контакти.

„Постојат одредени идеи од американската страна, но во моментов не се дискутира ништо суштинско. Ние сме целосно отворени, ја одржуваме нашата отвореност за мировни преговори“, изјави Песков пред новинарите.

Тој, исто така, истакна дека напредокот на руската страна на бојното поле го стеснува просторот за дејствување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ефикасноста на руските вооружени сили треба да ги убеди Зеленски и неговиот режим дека е подобро да се преговара и да се направи тоа сега. Подобро е да се направи тоа сега отколку подоцна. Неговиот простор за донесување одлуки се намалува бидејќи губи територија за време на офанзивните акции на руските вооружени сили“, рече Песков.

Според него, продолжувањето на војната е „бесмислено и опасно“ за Украина.

„Украинскиот режим мора да донесе одговорна одлука. Направете го тоа сега и преземете одговорност“, додаде тој.

Зеленски потврди дека го добил американскиот план, но не коментираше директно за неговата содржина. Во текот на ноќта, тој објави на Телеграм дека Украина е „подготвена за конструктивна, чесна и брза работа“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија