Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Од:

САД не сакаат дополнително да ги ескалираат тензиите меѓу Израел и Хезболах, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека Израел го уверил Вашингтон дека сака дипломатско решение.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека десетици илјади Израелци на север се соочуваат со вистинска безбедносна закана која треба да се решат и дека Вашингтон следи дипломатски пат за да го реши проблемот.

„Не сакаме да видиме ниту една страна како ескалира конфликтот на север и пошироко. Владата на Израел јавно објави и приватно не увери дека сака да постигне дипломатско решение. И тоа е она што ќе продолжиме да го следиме, што ќе на крајот направи воената акција непотребна“, рече Милер, пренесува Ројтерс.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави во неделата дека Израел планира да ги интензивира нападите врз Хезболах, дури и во случај на евентуален прекин на огнот во Газа, „до целосно повлекување на Хезболах“ од границата.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот