Стармер: Украина мора да биде во срцето на преговорите

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер ги изнесе своите ставови за мировните преговори. Во согласност со изјавите на многу други лидери на НАТО кои денеска ги коментираа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, Стармер истакна дека е „исклучително важно Украина да биде во што е можно посилна позиција“ за да преговара за каков било потенцијален мировен договор.

„Никој не сака конфликтот да продолжи, а Украинците – повеќе од било кој друг – сакаат војната да заврши. Но, ние мора да се погрижиме Украина да биде во срцето на овие преговори“, рече Стармер.

– Не може да има преговори за Украина без Украина да биде во нивниот центар, додаде Стармер.

За зајакнување на Украина, како во преговорите, така и на бојното поле, Стармер нагласи дека се залага за „зголемено финансирање, подобрен капацитет и дополнителна обука“.

– Тоа е навистина важно: Украина мора да биде на најсилната можна позиција. Сето ова мора да се направи во соработка со Украина, заклучи Стармер.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Во рускиот напад кај Буча загинаа 38 лица, 20 се повредени

Песков: Поразот на Украина е сè поблизу со секој изминат ден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Слуцки: Конфликтот во Украина наскоро ќе заврши, со победа на Русија

Блумберг: Русија размислува за засилување на ракетните напади врз Украина

(ВИДЕО) Луѓе скокаa од прозорци во Харковскиот регион за да избегнат изгореници од рускиот напад