Стармер: Никој не е над законот

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.

Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави.

„Секој што има какви било информации треба да се јави. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да се јави“, рече британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епштајн, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.

Стармер нагласи дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.

„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.

Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот Телеграф, повикувајќи се на неименувани извори.

Ендрју беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.

Би можело да ве интересира

Стармер до Трамп: Ова не е наша војна – Велика Британија нема да испраќа трупи во Иран

А1он

Стармер: Корпусот на Исламската револуционерна гарда не може да биде забранет

Стармер: Нема да одиме да војуваме со Иран, ова не е наша војна

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија

(ВИДЕО) Маж од Флорида стана интернет сензација поради сличностa со Џефри Епштајн

А1он

ВИДЕО: Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико