Стармер ги предупреди Европејците: Мора да бидеме подготвени за борба!

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер испрати јасна порака до Европејците – мора да бидете способни да се одбраните.

„Мора да ја изградиме нашата тврда моќ бидејќи тоа е валутата на нашето време. Мора да бидеме способни да ја одвратиме агресијата и, да, доколку е потребно, мора да бидеме подготвени за борба“ – рече Стармер.

Стармер вети посветеност на Член 5, еден од основачките принципи на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз една членка е напад врз сите.

„Затоа им велам на сите членки на НАТО, нашата посветеност на Член 5 сега е подлабока од кога било и не се сомневајте дека, доколку биде повикана, Велика Британија ќе дојде на помош денес“, рече Стармер.

Тој додаде дека Европа мора да застане на свои нозе.

„Тоа значи да се биде похрабро, значи да се отфрли ситната политика и краткорочните грижи. Тоа значи да се дејствува заедно за да се изгради посилна Европа и поевропско НАТО“, заклучи Стармер во Минхен.

Би можело да ве интересира

Велика Британија ќе го добие шестиот премиер за седум години

ВИДЕО: Кир Стармер поднесе оставка

Трамп: Британскиот премиер ќе поднесе оставка

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Нов удар за Стармер: Обвинет е за некомпетентност и недостаток на визија

Стармер го критикуваше Трамп за Иран: Цивилите веќе претрпеа „неизмерлива штета“

А1он