Стармер: Брегзитот значително ја оштети британската економија

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека Брегзитот, или излегувањето на земјата од Европската Унија, „значително ја оштети“ британската економија и дека Британците мора да прифатат компромиси за да воспостават поблизок однос со Европската Унија.

Стармер во говорот во Лондон предупреди дека „триењето“ со ЕУ мора да се намали за да се овозможи „економско закрепнување“ во Обединетото Кралство, објавува весникот „Политико“ од Биселски.

Премиерот, неколку дена откако разговорите меѓу Лондон и Брисел за дозволување на Велика Британија да учествува во програмата на ЕУ „Безбедносна акција за Европа“ вредна 150 милијарди евра пропаднаа поради несогласувањата околу тоа колку земјата ќе треба да плати за учество, изјави дека Обединетото Кралство мора да „се соочи со реалноста“ дека договорот постигнат со Брисел по Брегзит „значително ја оштетил“ економијата.

Би можело да ве интересира

Стармер: Никој не е над законот

Нов курс кон ЕУ: Стармер сигнализира промени во пост-Брегзит политиката

Горан Наумовски

Стармер ги предупреди Европејците: Мора да бидеме подготвени за борба!

А1он

„Фајненшл тајмс“: Кир Стармер е подготвен да повика на мултинационална одбранбена иницијатива

Британскиот премиер одбива да поднесе оставка

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“