Стано: Украина има законско право да се брани

Од:

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, коментирајќи го нападот на украинските сили врз регионот Курск во Русија, изјави дека според меѓународното право, Украина „има законско право да се брани, вклучително и удари против агресор на нејзина територија“.

„ЕУ продолжува целосно да го поддржува легитимното право на Украина да се брани од руската агресија и нејзините напори да ги врати суверенитетот и територијалниот интегритет“, изјави Стано.

Москва објави дека украинските сили се обиделе да окупираат дел од територијата на Курската област, а началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија Валериј Герасимов изјави дека напредувањето на вооружените сили на Украина во правец на Курск е запрено.

Во Курската област е воведена вонредна состојба по нападот на украинските сили.

Би можело да ве интересира

Стано: Ситуацијата на Косово е прилично нестабилна

ЕУ: Приштина да се воздржи од еднострани потези

Стано: Трендот во однос на усогласувањето на Србија со ЕУ-санкциите е разочарувачки

А1он

Стано: Референдумите во Русија се ескалација, ќе одговориме на соодветен начин

А1он