Високи воени претставници од САД, Велика Британија и неколку арапски земји ќе се состанат неделава во Аман, за да разговараат за ситуацијата во Сирија.
Претставниците ќе дискутираат за последиците од наводната употреба на хемиско оружје во близина на Дамаск, наведуваат извори од Јордан.
На средбата ќе присуствува претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД Мартин Демпси.
Се очекува да учествуваат и високи воени претставници од Франција, Саудиска Арабија, Турција, Русија, Италија, Канада и Катар.