Според Кремљ Западот останува без опции за притисок врз Москва

Од:

Западните земји меѓусебно се натпреваруваат за преземање чекори против Русија, но им снемуваат мерки за притисок врз Москва, оцени денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше и можната забрана за издавање шенген визи за Русите. – Гледаме дека земјите од ЕУ и Северна Америка буквално се натпреваруваат една со друга во преземањето непријателски мерки против Русија. Но, гледаме и дека им снемуваат мерки кои очекуваат да нè притиснат и да нè принудат да го смениме ставот, иако тоа е погрешно мислење, посочи Песков.

Портпаролот на Кремљ истакна дека Москва ќе реагира многу негативно и ќе преземе мерки во случај Финска да го ограничи издавањето визи за Русите, но дополни дека Русија се надева дека таквата иницијатива нема да се спроведе.

– Руската реакција ќе биде негативна. Колку што разбравме, досега оваа идеја не е имплементирана, да се надеваме дека и така ќе остан е, но, се разбира, какви било такви активности во однос на руските граѓани ќе предизвикаат контрамерки, одговор, категоричен е портпаролот на Кремљ

Тој додаде дека реакцијата на Москва на таквата одлука на Финска би била „разбирлива и сосема предвидлива“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Москва: САД се главниот пандан на Русија

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина