Спасени 750 мигранти во близина на либиското крајбрежје

Од:

Најмалку 750 лица од три мали бродови во меѓународни води во близина на либиското крајбрежје се спасени денеска од спасувачкиот брод на Лекари без граници „Бурбон Аргос“.

Портпаролот на групата Лекари без граници Сами ал-Субајхи изјави дека четврта спасувачка операција е во тек, како и дека меѓу досега спасените има луѓе со разни националности и дека сите се во добра здравствена состојба.

„Бурбон Аргос“ има 26 членови на екипаж, вклучително лекари специјалисти.

По спасувањето на бегалците на бродот им се нуди лекарска помош, доколку имаат потреба за тоа, а потоа се пренесуваат во центри во Италија или Грција.

Либиските власти вчера спасија 102 мигранти, а пронајдоа и седум безживотни тела.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ