Советот за безбедност на Обединетите нации воведе нови санкции за Северна Кореја поради нуклеарната проба извршена во февруари.
Санкциите, првенствено финансиски, се одговор на третата нуклеарна проба на Пјонгјанг, со цел Северна Кореја потешко да ја финансира нуклеарната програма.
Резолуцијата на СБ беше предложена од неколку држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Јужна Кореја и Франција, а беше едногласно изгласана од 15 земји-членки.
Со новите санкции се проширува листата на физички и правни лица, чии сметки ќе бидат замрзнати и ќе немаат право да патуваат.