Советот на Европа бара од Русија да го укине етикетирањето „странски агенти“ за НВО

Од:

Комесарот на Советот на Европа за човекови права Нилс Муижиниекс ја повика денеска Русија да престане со употреба на терминот „странски агент“ за невладини организации (НВО), додавајќи дека законот со кој тоа е регулирано може да има штетни последици по нивната работа.

Според него, рускиот закон за НВО треба да биде суспендиран, додека внесените измени не се усогласат со меѓународните стандарди.

– Странски агент има јасно негативна конотација, рече Муижиниекс, додавајќи дека не верува во „тврдењата на некои припадници на руската политичка елита дека тоа е неутрален термин“.

– Секое продолжување на употребата на терминот „странски агент“ во законодавството и во практиката во врска со НВО, може само натаму да го стигматизира цивилното општество во Русија и ќе има штетни последици по нивната активност, рече комесарот на СЕ за човекови права.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски