Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопшти денеска болницата Рузвелт во Банска Бистрица, каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со мало подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Икс (Твитер), пренесе Ројтерс.
Минатата среда 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, кој полицијата веднаш го приведе.