Снимката на силување на затвореници предизвика лавина демонстрациии во Грузија

Од:

Снимката на силување затвореници со пендрек предизвика лавина демонстрации во Грузија, по што министерот за излежување затворски кази поднесе оставка. Владата тврди дека се работи за политичка провокација, во очи изборите на 1 октомври, а претседателот Михаил Сакашвили вети дека ќе ги казни сите кои учествувале во страшното злодело на злоставување на затворениците.

Над стотина демонстранти го блокираа сообраќајот во центарот на Тбилиси, по објавувањето на снимката на две телевизиски станици, како чувари во затворот силуваат затвореници со полициска палка.

Тројца полицајци се уапсени, а министерството за внатрешни работи соопшти дека тие на распитот сведочеле дека добиле пари од блиски соработници на опозицијата за организирање и снимање на злоставувањето.

Лидерот на опозицијата Биџин Иванишвили ги негираше сите обвинувања.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија