Снепчет го прекина објавувањето на видео-пораките на Трамп

Од:

И социјалната платформа „Снепчет“, следејќи го примерот на Твитер, одлучи да му го ограничи пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп, и да го стопира објавувањето на видеата што американскиот претседател ги користи за самопромоција, се наведува во соопштението на американската компанија „Снеп“, која е сопственик на апликацијата.

Американските медиуми објави дека одлуката на „Снепчет“ била ограничена и всушност значи дека видеата на претседателот веќе нема да бидат прикажувани во рубриката „Разоткривање“, во која се објавуваат вести и видеа на познати личности.

Налогот на Трамп на „Снепчет“ и натаму ќе остане активен и видлив за секој кој сака да го посети, но новите видео соддржини нема да бидат објавувани.

Со оваа одлука, калифорниската компанија „Снеп“ застана зад Твитер, која до точка на вжештување ја доведе својата кампања против Трамп.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата