Смртоносно стампедо во Индија, 36 жртви

Од:

Најмалку 36 луѓе загинаа во Индија при турканица за време на најголемиот празник на хиндусите – Кумб Мела.

Повеќе од 30 милиони верници вчера имаа ритуално капење во студените води на светата река Ганг. Најголемиот религиозен фестивал во светот се одржува еднаш на 12 години во индискиот град Алахабад.

Десет лица загинале на самото место при турканиците на железничката станица во градот, а 12 починале од повредите на пат кон болница. Уште 14 луѓе го загубиле животот во следните часови.

Според претходните податоци, повеќе од 20 лица биле хоспитализирани во две болнници во Алахабад, од кои 15 биле во критична состојба.

Очевидци раскажуваат дека полицијата започнала да ги удира насобраните луѓе со палки. Роднините на жртвите ја обвинија полицијата дека е виновна за трагедијата, бидејќи предизвикала паника.

За време на религиозни празници во Индија постојано има ризик од вакви трагедии, а безбедносните мерки често се недоволони.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати