Смртна казна за кинески функционер заради корупција

Од:

Кинески суд го осуди кинескиот локален функционер Ву Џиминг на одложена смртна казна заради примање мито во вредност од 7,5 милиони долари.

Џиминг, доскорешен заменик секретар на владата во провинцијата Ѓиангси, е осуден на смртна казна со двегодишно одложување од извршување.Таквите казни вообичаено по изминатите две години се претвораат во доживотен затвор, доколку осудениот има добро владение во затворот.

Окружниот народен суд во Диуѓианг денеска на својот сајт објави дека го конфискува имотот на Џиминг, пренесоа американските медиуми.

Во пресудата се наведува дека Џиминг земал мито во периодот од 2002 до 2011 година, додека бил генерален секретар на владата во оваа провинција во источна Кина и во текот на неговите претходни работни задачи како шеф на управа на дистрикт и градски функционер.

Кинеските медиуми наведуваат дека Џиминг за пари вработувал луѓе, организирал замена на работни места и добивање унапредување за државните службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски