Службата за безбедност на Грузија спречи продажба на ураниум

Од:

Грузиската служба за безбедност денеска соопшти дека уапсила тројца грузиски државјани и тројца Ерменци за обид за продажба на ураниум.

– Уапсените членови на криминалната група – тројца ерменски и тројца грузиски државјани се обидоа да продаваат радиоактивна ураниумска супстанца У238 за 200 мкилиони долари, соопшти службата за безбедност.

Контејнерот за транспорт на ураниумот е запленет во станот на едниот од членовите на криминалната група.

– Радиолошката анализа покажува дела супстанцата е опасна по здравјето на луѓето, се посочува во соопштението.

Против уапсените поднесена е кривична пријава за илегално поседување и продажба на радиоактивен материјал за што е предвидена казна од пет до 10 години затвор.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија