Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет во престрелката

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет во пукотница пред зградата на Владата, откако ја напуштил зградата по завршувањето на седницата. Тој е хоспитализиран, а напаѓачот е уапсен.

Како што пренесуваат медиумите, тој има рани на главата и градниот кош.

Извор на Ројтерс јавува дека се слушнале неколку истрели и дека е забележан маж како е приведен од полицијата. Сведокот рече дека видел службеници од обезбедувањето како туркаат некого во автомобил и заминуваат. Сè уште нема коментари.

Засега нема информации во каква состојба е премиерот.

Според првите информации, Фицо бил застрелан во Братислава по состанок на владата, недалеку од културниот центар.

По истрелите тој паднал на земја, а обезбедувањето кренало, го ставило во автомобил и го однело во болница.

Медиумите јавуваат дека зградата пред која се пукало се евакуира.

– Можеме да потврдиме дека е извршен обид за атентат врз премиерот – потврди Матеј Нојман, портпаролот на МВР.

Според информациите до кои дојде „Актуалити“, ранетиот премиер во болница го пренел хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО