Славјанск: Точка пресвртница за Украина?

Од:

Поставувањето на украинско знаме над Славјанск и Краматорск не е само клучен момент во континуираната борба на Киев против проруските востаници, туку излегува дека е и неочекувана.

Украинските власти тврдеа дека постигнале серија успеси минатата недела, но дури откако престедателот Петро Порошенко најави дека се стопираат воените операции: откако позициите на бунтовниците ослабнаа, откако контролата повторно беше воспоставена врз големи предели на украинско-руската граница, и по стотиците жртви помеѓу востаниците.

Но поголемиот дел од извештаите не можат да бидат независно верификувани. И во секој случај, кампањата на владата изгледа бавно напредува, но сепак стабилно.

А потоа во саботата утрината востаниците итно напуштија две од нивните главни бази од каде оперираат, градови кои тие триумфално ги освоија пред три месеци и кои ги користеа како симболи за нивна доминација на истокот на Украина.

Прашањето кое никој не може во моментов сепак да го одговори е: дали е ова прекретница во конфликтот?

Изгледа дека бунтовниците сеуште имаат голем број борци во своите редови, и значајна количина оружје и воена опрема. Тие продолжуваат да контролираат прилично голема територија на истокот, иако по се изгледа дека ова се сменило во последните денови.

Тие велат дека се мотивирани и дека ќе се борат до последниот човек.

Помалкубројни и со послабо оружје

Сепак, постојат индикации дека нападот на Славјанск можеби навистина е значаен момент.

Дури и ако ова било „тактичко повлекување“, како што го наведуваат некои бунтовнички лидери, клучниот збор изгледа е „повлекување“. За првпат, бунтовниците се повлекуваат, а владините сили напредуваат.

Но поважно е тоа што причините заради повлекувањето се битни. Бунтовниците рекоа дека се едноставно помалкубројни и со не толку моќно оружје како владините сили.

Пред повлекувањето, главниот командант на бунтовниците, Игор Стрелков, рече дека силата на бомбардирањата на владата било таква што кај милитантите се создал впечатокот дека „ќе бидеме збришани за една, најмногу две недели“.

Стрелков тврдеше дека Москва се повлекла од ветувањето за помош. „Русија не сака да им помага на востаниците да се обединат со својот народ. Тешко е да се признае деке веќе три месеци не сме добиле никаква помош“, рече тој.

Тој исто ја повика Русија да се обиде да воспостави мир или да прати „мировници“ во Украина.

Некои набљудувачи ги сметаат овие коментари како можна дезинформација, или пак оправдување за можна руска интервенција.

Според украински и западни официјални извори, Москва продолжува да прелетува со борбени ловци и да внесува опрема преку границата со Украина.

Тивката Русија

Клучната варијабла тука е однесувањето на Кремљ. Како и секогаш, и ова е тешко точно да се протолкува.

Кремљ ги негира обвинувањата дека ги подржува бунтовниците, иако не негира дека многу руски граѓани се борат на страната на бунтовниците.

Тука се вклучени нивни лидери, меѓу кои и самиот Стрелков кој е роден во Москва. Украински владини извори велат дека е тој всушност поранешен руски разузнавачки офицер.

Но Москва исто така е невообичаено тивка и во врска со последната украинска офанзива.

Руските службени извори постојано и со најжестоки термини обвинуваа за ескалацијата на насилствата . Сепак, овој пат покрај повикот да се воспостави прекин на огнот, тие се воглавно тивки.

Можеби во следните денови ваквата позиција ќе се смени. И бунтовницте, откако ќе се прегрупираат во Доњецк и Луганск, како што самите изјавија, ќе тргнат во противофанзива.

Дали или не падот на Славјанск и Краматорск се клучна пресвртница, ќе стане јасно подоцна.

Како што ги предупреди претседателот Порошенко своите сонародници, „сега не е време да славиме со огномет“.

Би-Би-Си – Лондон

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми