Славјанск под артилериски оган на украинската армија

Од:

Украинската армија го гранатира централниот дел на градот Славјанск, во регионот Доњецк во Источна Украина, изјави денеска портпаролката на градоначалникот на Славјанск Стела Хорошева.

– Центарот на градот се наоѓа под артилериски оган. Една од гранатите експлодира во близина на зградата на градската влада, изјави Хорошева, пренесува ИТАР-ТАСС.

Засега нема информации за загинати.

Според неа комуникацијата со мобилни телефони е отежната и има сериозен недостиг на чиста вода за пиење.

Поголем дел од градот е без електрична енергија, а украинската армија во текот на ноќта користи светлечки проектили.

Киев продолжува со операцијата во Источна Украина, наспроти ветувањето на новизбраниот украински претседател Петро Порошенко дека во регионите на Доњецк и Луганск ќе биде воспоставен мир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми