Скршено стакло на авионот на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет – итно слета во Велика Британија

Од:

Авионот што го превезуваше американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изврши непланирано слетување во Велика Британија откако беше откриена пукнатина на шофершајбната, објави Пентагон.

Порталот за следење на летови „Flighttrader 24“ претходно објави дека авионот на Хегсет бил пренасочен кон Велика Британија поради „итна ситуација“.

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на X Network дека авионот на секретарот за војна морал да изврши непланирано слетување поради пукнатина на шофершајбната.

– Авионот слета во согласност со стандардните процедури, а сите патници, вклучувајќи го и секретарот Хегсет, се безбедни – рече Парнел.

Хегсет се враќаше во Вашингтон од Белгија, каде што присуствуваше на состанок на министрите за одбрана на НАТО.

По инцидентот со авионот, се огласи и министерот Пит Хегсет.

– Сè е во ред. Фала му на Бога – напиша тој на социјалната мрежа X.

Би можело да ве интересира

Хегсет за војната во Иран: „До конечен договор, ќе преговараме со бомби“

(ВИДЕО) Хегсет се молеше во Пентагон: „Секој куршум да ја најде својата цел“

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Пентагон ги прекинува врските со Харвард поради индоктринација на офицери со „глобалистичка идеологија“

„Вашингтон пост“: Пентагон се плаши од иранска одмазда

ВИДЕО: Ќе ги најдеме шверцерите и ќе ги потопиме, не нè интересира „woke“ морализирањето, вели Хегсет

Катерина Ѓуровски