Скандалозната биографија на првата дама на Франција ја шокираше јавноста

Од:

Првата дама на  Франција  повторно  е во центарот на скандал.

Новата  книга открива дека таа имлаа афера со близок соработник на  Никола Саркози, во време кога   веќе се гледала со  сегашниот  партнер, претседателот  Франсоа Оланд. Но, тоа не е се.

“Бунтовнчка ” , тоа е името на неавторизираната   биографија на првата дама на Франција,  Валери Триервеилер. 

Познат новинар тврди дека  Валери  неколку години  одржувала  односи со близок соработник на Никола Саркози. Се работи за Патрик Деведјиан, кој во тоа време беше министер. Тој беше женет а била  мажена  и Валери. Но, тоа не ја  спречи да влезе во друга врска,  со сегашниот претседател на Франција Оланд.

Најновата книга  го доведува во прашања  моралот и професионалзмот  на првата дама , која се гордее со професијата ,  политички новинар. Авторот на  биографијата  тврди дека е невозможно врската  со високиот  функционер да  не остави белег на нејзината работа.

47-годишната Валери и Деведјиан  најавија   тужба поради лаги. Валери смета  дека нејзиниот приватен живот не  е од јавен интерес. Претседателот Оланд не размислува за тужба , а книгата не сака да ја  коментира.

Валери  не е миленик на француската јавност, поради јавната подршка на Твитер на конкурентот на  поранешната  партнерка на Оланд, Сеголен Ројал. Французите ова го толкуваа  како обид за делење лекции на претседателот.

Валери призна дека  направила грешка. Но, Французите очигледно не и  простија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски