Сириските бунтовници завзедоа воздухопловна база во Алепо

Од:

Сириските бунтовници завзедоа една база на сириската против воздушна одбрана на сириската армија, во близина на северниот град Алепо, изјавија денес анти-режимските активисти.

На снимката објавена на интернет може да се видат бунтовниците внатре во базата, како вршат инспекција на огромните ракети и го пљачкосуваат депото со муниција.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, наведе дека бунтовниците ја окупираа базата на Ел Танех, источно од Алепо, а активистот Мохамед Абу Омар рече дека четири бунтовници се убиени во борбите што се водеа во текот на ноќта.

Сирија е преплавена со бази за противвоздушна одбрана, направени за можна војна со Израел. Бунтовниците и претходно ја напаѓаа таа база, но немаа успех во заплена на оружјето, кое се наоѓа во нив.

Во Сирија, веќе 19 месеци беснее револтот против претседателот Башар ал-Асад, кој во меѓувреме се разви во граѓанска војна, и однесе, се проценува од Сириски активисти, околу 32.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад