Сирискиот премиер Ријад Хиџаб станува дел од револуцијата

Од:

Сирискиот премиер Ријад Хиџаб, кој пребега во Јордан заедно со уште тројца министри, објави дека и се приклучува на опозицијата, јави Ал Џезира.

Портпарол на Хиџаб, Ријад ал Атари ја прочита изјавата во која наведува дека премиерот го напушта крвавиот и терористички режим.

– И се приклучувам на револуцијата во име на слободата и достоинството. Објавувам дека од денеска сум војник во таа благословена револуција, се истакнува во изјавата на Хиџаб.

Ал Атари наведе дека Хиџаб се наоѓа на безбедно место. Тој наведе и дека досегашниот сириски премиер од претходно се подготвувал за таквиот чекор и оти не сакал задушување на народното востание. Хиџаб и семејствата на неговите осум браќа ја напуштија Сирија по операциите во нивниот роден град Деир аз Зур на реката Еуфрат.

Ал Атари наведе дека ако Хиџаб не ја прифател премиерската функција ќе се доведел во смртна опасност.

Премиерот е највисокиот владин претставник кој стана дел од бунтовничкото движење од почетокот на немирите кои почнаа пред 17 месеци со цел соборување на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад