За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем, прозва неколку држави, и ги обвини за поддршка на тероризмот во Сирија. Истакна дека САД, Франција, Катар, Саудиска Арабија и Турција им даваат поддршка на терористичките групи со пари, оружје и луѓе. Во текот на говорот, исто така истакна дека мора да се натера Израел да пристапат кон договорот за нуклеарна непролиферација (НПТ).
“Најлошото од се е да се види како некои постојани членки на Советот за безбедност, кои ја започнаа војната против тероризмот, сега го поддржуваат тероризмот во мојата земја”, рече Муалем.
Во врска со сирискиот конфликт, истакна дека повиците од надвор кои бараат претседателот Башар ал-Асад да се симне од од власта ” е дрско мешање во внатрешните работи на Сирија, националното единство и суверенитетот”. За време на говорот вчера, на последниот ден од UNGS, Муалем, истакна дека Блискиот Исток како регион треба да биде исчистено од неконвенционалното оружје и при тоа, посебно нагласи дека Израел мора да се приклучи на договорот за нуклеарна непролиферација. Да потсетиме, многумина истакнуваат дека Израел има повеќе нуклеарни бомби, но самиот Тел Авив тоа никогаш јавно не го призна.
За време на говорот се осврна и на израелско-палестинскиот конфликт и статусот на Голанската Висорамнина. “Тоа што моментално се случува во Сирија, не значи дека сме го изгубиле нашиот морален компас, особено во однос палестинското прашање и враќањето на Голанската Висорамнина”, рече Муалем.