Сириската војска тргна во ослободување на квартот Бустан Ал-Каср во Алепо

Од:

Сириската војска утринава започна акција за ослободување на градската четврт Бустан ал-Каср во градот Алепо. САНА пренесува дека во акцијата утринава се “убиени преку 100 авганистански терористи” кои се наоѓале во близина на зградата на училиштето ал-Фида ал-Араби. ЦНН пренесува информации на сириските државни медиуми,но истакнуваат дека се уште не се понудени докази да ли се работело за Авганистанци. Но, ако се суди спрема најновата репортажа на Асошиетед Прес информациите за бројните странски борци во Алепо се точни.

Друга воена единица се судрила со побуненички групи на просторот на градската четврт ал- Фатајес,информациите говорат дека таму се убиени 7 терористи вклучувајки и снајперист. Во нападите исто така е запленета поголема количина на оружје како и 15 возила со надградени пушко митралези.

Во исто време САНА пренесува дека утринава е покрената и голема акција во околината на Дамаск каде се “заробени 100 терористи на просторот на палестинскиот камп и кампот ал-Јармук”.

Нови судири избија и на границата со Либан каде група на вооружени борци проба да влезе во Сирија. Информациите говорат дека до проба на инфилтрација на сириската територија дошло и на просторот на Халат,Едлин и Бајун.После судирот со војската истите се дале во бегство назад во Либан.

Воис оф Русиа пренесува дека две бомби експлодирале во Дамаск,во близина на воен пункт и средно училиште,при што се ранети неколку цивили. Исто така се наведува за низа на експлозии кои се случиле синоќа во Алепо во близина на воените бараки.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години