Сириската влада се согласила на примирје

Од:

Специјалниот претставник на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими вели дека сириската влада се согласила со прекин на огнот за времетраењето на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

„По мојата посета на Дамаск, постигнат е договор со сириската влада за прекин на огнот во текот на празникот“, рече Брахими.

Тој додаде дека бил во контакт со „некои сириски опозициски групи и дека исто така во принцип е постигнат договор за примирје, пренесува агенцијата Ројтерс.

Според него одлуката за прекин на огнот, официјален Дамаск ќе го објави денеска или утре.

„Поголемиот број од останатите опозициски фракции во Сирија , со кои можевме да исконтактираме се согласија со примирјето“, вели Брахими.

Без разлика на договорот сириската влада утрово бомбардираше село кое се наоѓа во близина на градот Алеп, на северот на Сирија.

 

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение