Сириската армија денеска започна контраофанзива за враќање на контролата врз бунтовничките квартови во Алепо, кој е втор град по големина во земјата, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Засилувањата, кои веќе два дена се распоредуваат во околината на градот, започнале да навлегуваат кон квартот Салахедин, каде се наоѓаат најголем број бунтовници.
„Во неколку делови од градот се водат најжестоките борби од почетокот на бунтот“, изјави шефот на невладината организација Рамни Абдел Рахман.