Илјадници демонстранти во различни градови во Сирија ја повикаа денеска меѓународната заедница да интервенира со цел да се спречат крвавите репресии на режимот на претседателот Башар ал Асад.
Како и секој петок активистите повикаа на протестни митинзи, овој пат со барање „меѓународното правосудство да се активира за судбината на градот Дараја, покрај Дамаск, каде беа извешени многу убиства“.
Во главниот град и покрај насилството протести со барање за повлекување на Асад од власта се одржаа во повеќе квартови, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Локалните координативни комитети, кои ги организираат протестните акции, известиле за воздушни напади врз верници, кои излегувале од џамиите во Замалка, во близина на Дамаск.
Масовни демонстрации се одржаа во неколку квартови контролирани од бунтовници во северниот град Алепо. Во северозападната провинција Идлиб протести се одржаа во Сармин, Бинеш, Хас, Канафра и Кфар Набал. Протести имаше и во провинциите Хасаке, Хама и Дера.
Според информациите на Сирискиот центар за набљудување на човековите права денеска во судирите во земјата загинале 65 лица, од кои 18 цивили, 17 бунтовници и 30 војници.