Сирија: Засилен ударот врз бунтовниците

Од:

Сириската војска утринава го бомбардираше селото Мар Пурин кое се наоѓа во близина на стратешки важниот град Алеп на северот на Сирија, кој е под контрола на бунтовниците.

Во нападот загинале пет членови на едно семејство, велат активистите.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права Рами Абдул Рахман изјави дека загинале татко, два сина, жена и момче кои биле членови на нивното пошироко семејство, пренесува АП.

Режимските сили ги интензивирале воздушните напади во областа долж главниот автопат кој ги поврзува Алеп со Дамаск.

Во судирите во Сирија од март минатата година загинале повеќе од 34 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад