Сирија: Уште еден масакар, 11 мртви

Од:

Вооружени напаѓачи убија 11 работници на државна фабрика во сиријската провинција Хомс и ова е втор случај во една недела што личи на масовно погубување.

Работниците се убиени во градот Казир, кога е нападнат автобусот што ги возел на работа, соопшти Сиријската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија.

Во последните месеци ситуацијата во Сирија станува се похаотична и се потешко е да се утврди кој е одговорен за злосторствата. Владата им го ограничи движењето на новинарите и скоро е невозможно да се провери извештајот и од двете страни.

Минатиот петок беа убиени 108 лица. Масакрот предизвика остри реакции од целиот свет, а режимот и опозицијата се обвинуваа меѓусебно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија