Сирија: Убиени 72 лица

Од:

Најмалку 72 луѓе, поголемиот број цивили, се убиени во Сирија. Најжестоките судири се случиле во северната покраина Алепо, каде во нападите на војската на режимот се убиени 19 луѓе, вклучувајќи 13 жени и деца.

„Телото на една жена и нејзините пет деца, кои беа киднапирани во понеделникот, се пронајдени мртви, во селото Кустал Муктар, во областа Алепо“, се наведува во соопштението на сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.

Во централната област Хомс, загинале 18 луѓе, во околината на Дамск едно лице загинало откако претходно било мачено од војниците, а истовремено други 13 се убиени во текот на ноќта, во источната област Деир Езор.

Сирискиот национален совет, главната опозициска коалиција, ги осуди нападите на војската и го обвини режимот за масакрирањето на цивили, вклучувајќи жени и деца.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад