Сирија: Силите на режимот го стегаат обрачот

Од:

Во неколку делови на градот Алепо од рано изутрина се водат борби помеѓу бунтовниците и војската. Во близина на Дамаск се пронајдени телата на десетина луѓе, меѓу кои и на еден бунтовник, убиени со огнено оружје.

Жестоки судири на силите на режимот и бунтовниците се водат во неколку квартови на Алепо, додека центарот на градот е изложен на топовско гранатирање. Во текот на ноќта бунтовниците се обидоа да навлезат во стариот град, при што изгубија осум борци.

Во реонот на Дамаск силите на режимот го стегаат обрачот околу зоната што ја држат бунтовниците. Местата во покраината Идлеба на северозападот на земјата и натаму се изложени на силни бомбардирања од небо, ден откако бунтовниците ја презедоа контролата над граничното место со Турција, кога убија 40 војници.

Само во текот на вчерашниот ден се убиени 154 луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад