Сирија: Примирје поради Курбан Бајрам

Од:

Во Сирија утринава стапи во сила четиридневниот прекин на огнот, договорен по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, соопштија опозициски активисти.

И двете страни прифатија прекин на огнот, со резерва, да го задржат правото да одговорат на било која агресија.

Прекинот на огнот влезе во сила во 7 часот.

„Воените операции ќе бидат запрени на територијата на Срија од петок наутро се до понеделник“, наведе сириската армија, чие соопштение беше прочитано на државната телевизија.

Војската го задржува правото да одговори на напад на цивили или владини сили, се вели во соопштението.

„Ќе го почитуваме прекинот на огнот од петок, ако истото го направи и сириската армија“, рече генералот Мустафа ал-Шеик, водачот на најголемата бунтовничка група – Слободната сириска армија.

 „Но ако тие испалат макар и еден куршум, ние ќе возвратиме со сто. Според тоа, го задржуваме правото на одговор“, додаде тој.

Сириската државна телевизија утринава го покажа претседателот Башар ал Асад како се моли во џамија во Дамаск.

Неговото претходно појавување на телевизија беше на 21 октомври, кога се сретна со меѓународниот пратеник Лахдар Брахими.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад