Сирија нема да го запре огнот ни за Бајрам

Од:

Сириската Влада денеска соопшти дека нема да се реализира прекин на огнот за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам бидејќи бунтовниците немаат единствено раководство кое ќе го одобри договорот.

Привремено примирје во Сирија за Курбан Бајрам побара специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига Лахдар Брахими. Тој апелираше и до иранските лидери да помогнат за прекин на воените дејствија во Сирија за време на муслиманскиот празник, што се прославува на 25 октомври.

Сирискиот провладин весник „Ас Саура“ објави дека најголема бариера за евентуалниот прекин на огнот е недостигот од авторитативен орган, кој ќе го потпише договорот во име на бунтовниците.

Сите меѓународни напори за прекин на сириската граѓанска војна досега беа неуспешни. И бунтовниците и владините сили не се придржуваа до договорите, а десетици бунтовнички групи немаат единствено раководство, а многу од нив и не комуницираат меѓу себе.

Брахими денеска пристигна во Бејрут на разговори со либанските власти за надминување на кризата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад