Сирија: Испалени проектили кон палатата на Асад

Од:

Сириските бунтовници испалија проектили кон палатата на претседателот Башар ал-Асад во Дамаск. Проектилите на погодија населбата во близина и усмртија тројца луѓе.

Според локалните жители проектили од тежок калибар го погодиле станбената населба, каде што живее малцинската алавитска секта, а државната телевизија извести дека во нападот се повредени седум лица.

Бунтовничката група, соопшти дека проектилите биле наменети за палатата на Асад, а засега не е познато дали претседателот бил во неа за време на нападот.

Асад има неколку резиденции во Дамаск.

На кризата во Сирија, која трае од март минатата година, сеуште не и се гледа крајот, а напорите на меѓународните заедници за воспостоавување на мир, ги отежнува раздвоената опозиција.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад