Сирија ги собра членките на НАТО

Од:

Соборувањето на турскиот авион од сириските војници денеска во Брисел ги собра преставниците на земјите членки на НАТО.
Средбата е организирана на барање на Турција, кој оттогаш пријави уште еден случај на напад од сириските сили на нејзин авион кој бил вклучен во операцијата за пребарување на остатоците од соборениот.

Иако Турција на средбата се повикува на 5-тиот член од Повелбата на НАТО кој значи ако еден член од на Алијансата е нападнат, тоа е и напад на целата Алијансата, сепак дипломатски извори велат дека малку е веројатно НАТО да одобри воена акција против Сирија.

„Ситуацијата бара сериозна расправа, но нема да има воена интервенција“, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Ури Розентал по вчерашната средба на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург.
Неименуван НАТО извор потврди дека Алијансата сериозно ќе ја предупреди Сирија, но повеќето земји мислат дека Сојузот по Ирак и Авганистан, нема повеќе капацитет за уште една војна на Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад