Сирија демантира дека е вмешана во нападите во Турција, билансот на загинатите се зголеми на 46 лица

Од:

Министерот за информации на Сирија Омран Ахед ал Зубина ги демантира тврдењата на турските власти дека Сирија стои зад двете експлозии во турскиот град Рејханли, во кои според најновите податоци загинаа 46 лица.

Ал Зубина на прес-конференција денеска изјави дека „никој нема право да упатува такви неточни обвиненија“.

Изјавата на Зубина е првиот официјален одговор на Дамас по експлозиите во Рејханли, кој е близу границата со Сирија.

– Одговорните за нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија се поврзани со организации, поддржани од режимот во Дамаск, изјави претходно турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер.

Тој за државната телевизија ТРТ итакна дека лицата и организацијата, кои ги извршиле нападите се идентификувани. – Утврдено е дека тие се поврзани со организации, поддржани од сирискиот режим и од неговите разузнавачки служби, рече Ѓулер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски