Сипаници, шуга и дијареа се шират низ Газа

Од:

Сипаници, шуга и дијареа се во пораст поради ужасните санитарни услови во Појасот Газа, објавија Обединетите нации. Канцеларијата на ОН за итна помош (OCHA) соопшти дека една од причините е што луѓето морале да користа нечиста вода поради недостаток на вода за пиење.

Канцеларијата на ОН не даде конкретни бројки. ОН предупредуваат дека бројот на заболени ќе се зголеми доколку водоводните и санитарните објекти брзо не добијат струја или гориво за да продолжат со работа.

Израел воведе „тотална опсада“ на Газа, отсекувајќи го густо населениот крајбрежен појас на Медитеранот без храна, гориво, лекови, вода и други основни резерви – како одговор на масакрот од милитантите на Хамас пред две недели.

Би можело да ве интересира

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег