Најмалку едно лице загина, а едно е рането во попладневниот руски напад врз украинскиот град Харков, изјави денеска гувернерот на областа Харков, Олех Синехубов.
Во попладневниот напад Русија употреби наведувани бомби, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Тереков, пренесе Киев Индипендент.
Погоден е квартот Шевченковски, а има и оштетувања на цивилната инфраструктура, додаде Синехубов на Телеграм.
Бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи се уште се утврдуваат сите факти и последици од нападот.
Во вечерашниот руски напад на Харков загинаа шест лица, а 10 се ранети, додаде Тереков.
Тој на Телеграм напиша дека најмалку девет високи згради, голем број административни згради, продавници, бензинска пумпа, како и автомобили биле оштетени во нападот со беспилотни летала со „шах“, пренесе Интерфакс Украина.