Син на Кашоги: Парите се одраз на моралните квалитети на владетелите на Саудиска Арабија

Од:

Синот на убиениот новинар на „Вашингтон пост“ Џамал ​​Кашоги вели оти немало разговори за порамнување и сугерира дека финансискиот надоместок на семејството не претставува признавање на вината од страна на саудиските власти.

Синот на убиениот новинар, Салах Кашоги ги опишува кралот Салман и принцот Мохамед бин Салман како „чувари на сите Саудијци“.

Салах на Твитер напиша дека чинот на хуманост доаѓа од нивните морални квалитети, а не поради признавањето на вината за суровото убиство.

На 1 април „Вашингтон пост“ објави дека децата на новинарот од Саудиска Арабија, како отштета за убиството на нивниот татко, добиле голема сума на пари и луксузни куќи во вредност од по четири милиони долари.

Весникот ја наведува и можноста двата сина и двете ќерки на Кашоги да добијат многу пари, се споменуваат десетици милиони долари, за што можеби ќе се преговара по судскиот процес за убиството на саудискиот новинар.

Кашоги, отворен критичар на саудискиот режим, беше ликвидиран од тим на саудиски оперативци во Конзулатот на таа земја во Истанбул, а убиството во октомври 2018 година предизвика бурни реакции во целиот свет и многу политичари и бизнисмени се оддалечија од таа земја.

Би можело да ве интересира

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги

А1он

Њујорк тајмс: Саудиските оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Ана Ололовска

ОН потврдија дека саудиски службеник се заканил на експертка што ја водеше истрагата на Кашоги

Ана Ололовска

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, бараме истрага

Ана Ололовска

Репортери без граници го тужат саудискиот принц за убиството на Кашоги

Ана Ололовска

Вереницата на Кашоги бара да се казни саудискиот престолонаследник

Ана Ололовска